Невремето причини две сообраќајни несреќи со неколку возила, едно лице со полесни повреди

Вчерашното невреме – причина за две сообраќајни несреќи кај Свети Николе, на автопатот Штип – Миладиновци. Имено, вчерашните неповолни временски услови наместа во форма на невреме со силен дожд, грмежи и град причини неколку возачи да изгубат контрола и возилата да излетаат од коловозот. На терен увид вршеше екипа на СВР Штип, а извесно време сообраќајот се одвиваше по една сообраќајна лента. Според информациите од СВР Штип, нема жртви, ниту потешко повредени лица, единствено едно лице од едно од возилото поминало со полесни повреди.

Ребека Спасова М-Нет