
Се разгорува фудбалска битка на терените на добриот стар исток. Од коло во коло се редат возбудувањата, се нижат изненадувањата што го краси второлигашкото првенство и носи нови неизвесности. Тимот на Брегалница по киксот со Осогово ги „покажа забите“на директниот конкурент Тиквеш и на негов терен му откина бод иако снимката од натпреварот полажува дека Брегалница постигна регуларен гол кој на интервенција на помоишникот беше поништен поради наводен офсајд. Тиквеш со голот на Александар Мишов во 64м. поведе со резултат 1:0 а Брегалница израмни на 1:1 во 79 м. со гол од пенал во кој сигурен реализатор од белата точка беше Мартин Стојанов.
Екипата на Кит Го по успехот во Купот ја продолжи серијата со првенствена победа и тоа на жешкиот терен во Македонска Каменица изразена со резултат 2:3. Стрелци на головите за Каменица Саса беа Илија Донов и Филип Гоцевски а за Кит Го прецизно нишанеа Дарко Алексовски, Зоран Андонов и Владимир Дујовски. Веќе во недела 4 октовмри следуваат нови фудбалски возбудувања во кои секако вниманието на спортската јавност ќе биде насочено кон дерби натпреварот во Пехчево : Кит Го – Брегалница.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk