Бојан Миовски повикан во македонската У-21 репрезетација за претстојните мечеви со Казахстан и Израел

Добрите игра на младиот штипјанец Бојан Миовски и постигнатите први голови во дресот на унгарскиот МТК беа повод и причина за повик и облекување на репрезентативниот дрес. Селекторот Благоја Милевски веднаш реагираше и го повика Бојан Миовски да се приклучи на подготовките за двата претстојни квалификациски натпревари на нашата млада селекција. Имено на 8 октомври Македонија У – 21 ќе гостува на Казахстан а на 13 октомври во Скопје ќе гостува репрезентацијата на Израел. Колку за потсетување на првиот меч за МТК во Куп натпревар Бојан Миовски беше стрелец на два гола а над него беше направен и пенал кој го реализираше негов соиграч така да на крајот МТК славеше убедлива победа од 8:0 а веднаш потоа Бојан Миовски имаше и првенствен настап. Па спортската редакција на Mnet му посакува понатамошни успешни настапи.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk