
Околу 1200 странски студенти во моментот студираат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Освен од Турција, факултетите во Штип ги избрале и студенти од Германија, Шведска и други држави, вели ректорот, Дејан Мираковски.
„Бројката варира, како да ви кажам, дел се апсолвенти и доаѓаат на Еразмус-програми и се краткотрајно присутни во градот, неколку месеца. Вкупната бројка на активни странски студенти е околу 700, на подготвителна настава по македонски јазик уште околу 500. Значи, околу 1200 би се движеле бројките, иако тоа се релативни бројки. Освен студенти од Турција, имаме и од Германија, од Шведска, Португалија, Шпанија и други држави“, вели Мираковски.
Само оваа академска година студирањето на УГД го започнаа околу 300 странски студени кои во прва година учат на македонски јазик, како и педесетина студенти кои учат на програми на англиски јазик.
Ребека Спасова М-Нет