На градскиот пазар во Кочани повќе продавачи отколку купувачи, побарувачката слаба

Денешните временски услови го оставија градскиот пазар во Кочани полу празен. Но, продавачите велат ова не е единствената причина поради која побарувачката на производите е толку мала. Конкретно за зеленчукот, лукот, кромодиот, продавачите велат овие производи ги има во речиси секој маркет па на пазар доаѓаат само повозрасните. Истовремено нив нема кој да ги замени, па зелениот пазар може да се затвори во секој момент.

„Многу слабо, нема народ, еве гледаш пазарот е полн, ама има повеќе продавачи отколку муштерии. Другите години имаше млади, сега останавме само тие старите. Порано робата се продаваше, сега многу слабо“

За дел од купувачите кои зборуваа пред камерите на М-Нет телeвизија нема дрстично покачување на цените на производите како што очекувале, друг дел пак велат скапо е и тоа не одговара на Буџетот на граѓаните.

„Цените се во ред, мислам дека не е скапо како што се највуваше“

„Покачување има многу, тоа не е добро за луѓето, бидејќи е голема немаштија“

Денеска на градскиот пазар во Кочани најмногу се бараше јаболката, но и сезонскиот зеленчук.

Лаура Стојанова М-Нет