Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на пријателски меч во Карбинци!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе одигра пријателски меч со третолигашот Карбинци, а кој меч е договорен да се одигра на 12 август (вторник) со почеток од 17 часот.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија доаѓа во Карбинци, а тоа повеќе од сигурно е дека ќе биде празник за општината.

Големите фудбалски имиња на Вардар ќе пристигнат во Карбинци, а публиката ќе може да го проследи најтрофејниот клуб на стадионот во Карбинци.

Дефинитивно со ова се потврдува организираноста на ФК Карбинци, бидејќи клубот е стабилен третолигаш и веќе неколку сезони настапува во Купот на Македонија, каде игра со прволигаш како Силекс, Воска Спорт во минатото, а годинава исто така ќе настапи во Купот на Македонија против прволигашот Работнички.

Александар Ванев, М-Нет