
Најдобриот македонски фудбалски судија, Александар Ставрев, ја заокружи својата успешна судиска кариера.
Последниот натпревар за него како главен судија во Првата македонска фудбалска лига беше вчерашниот дуел меѓу Пелистер и Беса, кој се одигра во Битола.
Ставрев има импресивна кариера, редовно судејќи натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и бројни други европски натпревари.
Со 47 години, Ставрев е пример за професионализам како меѓународен судија. Заедно со него, на вчерашниот натпревар својата судиска кариера ја заврши и Дејан Костадинов, за кого исто така ова беше последен меч.
Пред почетокот на натпреварот, претседателот на ФК Пелистер, Митко Стојковски, им изрази благодарност на Ставрев и Костадинов и им подари пригодни подароци за нивниот долгогодишен и значаен придонес во развојот на македонскиот фудбал.
Натпреварот меѓу Пелистер и Беса заврши со минимална победа на домаќините од 1:0.
Александар Ванев, М-Нет