Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе учествува во квалификациите за УС Опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе се обиде да обезбеди нов настап на Гренд слем турнир, откако официјално се најде меѓу пријавените тенисерки за УС Опен.

Тетовчанката моментално се наоѓа на 214 место на ВТА листата, што значи дека и овојпат ќе мора преку квалификации да се избори за место во главната ждрепка. Според објавените листи, тенисерките рангирани од 103 позиција па надолу ќе настапат во квалификацискиот дел, освен оние кој ќе добијат специјална покана од организаторот.

Ѓорческа во последниот период ја испиша една од најубавите страници во македонскиот тенси, откако успешно ги мина квалификациите за Вимблдон и за првпат во кариерата настапи на главниот турнир на еден Гренд слем. Иако во првото коло беше поразена од Аманда Анисимова, која беше шеста носителка, самиот пласман претставуваше огромен успех и дополнителен поттик за продолжување на добрите резултати.

Квалификациите за УС Опен ќе се играат една недела пред стартот на главниот турнир, додека првото коло на последниот Гренд слем во сеозната е закажан за 30 август во Њујорк.

Пред најдобрата македонска тенисерка сега следува период на подготовки и темпирање на формата, со надеж дека ќе уsпее повторно да ги мине квалификациите и по вторпат да обезбеди место меѓу најдобрите на еден од четири најголеми светски тениски турнири.

Александар Ванев, М-