
Продолжува предизборната кампања за кандидат за градоначалник на Општина Штип. Со предизборно ветување излезе на денешниот прес ,кандидатот од ТМРО, Лазар Наумов кој ветува бесплатен превоз за сите деца од деветолетките од селските предели, во Општина Штип.
„ Воведување на бесплатен превоз за сите деца од деветолетките, кои живеат во селските населби на Општина Штип, со нивно носење и враќање до домовите за време на училишната настава, на начин како што тоа се прави насекаде во Европа.“ – беше изјавата на Наумов.
Исто така, продолжување на нормалниот тек на живот, и сега во корона пандемија е видувањето на Наумов, за справување со невидливиод непријател.
Предизборната кампања ќе трае до 10 декември. Предвремените избори за градоначалник на Општина Штип се закажани за 13 декември.