Хуманитарен рагби натпревар за Сандра: Вардар против српскиот вицешампион Партизан

Во сабота ќе се одигра првиот рагби натпревар на рагби клубот Вардар против српскиот вицешампион Партизан, со почеток од 15 часот.

Овој натпревар ќе биде и од хуманитарен карактер, ќе биде поставена кутија за донации за лекувањето на радовишанката Сандра која моментално е на лекување во Турција.

Од рагби клубот Вардар изразија благодарност до градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, и до Јован Вујошевиќ од Европската рагби лига кој со неговата помош е заслужен за реализирање на овој натпревар.

„Изразуваме голема благодарност до градоначалникот на општина Ѓорче Петров, господинот Александар Стојкоски за безусловната помош и поддршка за овој настан. Воедно сакаме да се заблагодариме и на господинот Јован Вујошевиќ од Европската Рагби Лига кој со неговата помош е заслужен за реализирање на овој натпревар, како и на тимот на рагби клубот Партизан, кој за краток период се согласи за организација на овој натпревар. Исто така, сакаме да напоменеме дека овој натпревар ќе биде од хуманитарен карактер, и ќе биде поставена кутија за донации за Сандра Дејановска од Радовиш која моментално е на лекување во Турција“, велат од клубот.

Натпреварот ќе се одигра на теренот „Млади Лавови“ во Ѓорче Петров, Скопје, во сабота (16. март) со почеток од 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет