Населба „Бавчалук“ во Кочани заборавена од надлежните, СРЦ „Бавчалук“ исто така

Спортско рекреативниот центра „Бавчалук“ во Кочани денеска речиси празен. Единствени посетители беа само повозрасните граѓани кои го искористиле зимското сонце за да излезат и се прошетаат. Но, местото кое некогаш беше полно со млади и деца, каде секоја вечер се играше фудбал и кошарка, сега останува празно. Се што можеше да забележи екипата на М-Нет телевизија при денешната посета освен пензионери, беше искршена ограда, отпад, неисчистени тоалети, искршени клупи и реквизити. Граѓаните кои случајно ги сретнавме таму пред објективот на нашата камера велат треба да се одржува и да се врати сјајот како пред неколку години. Вина бараат и кај самите граѓани, но и кај надлежните.

„Често сме овде јас сум пензионер. Но, клупите се искршени, не се води ред, не се уредува овој простор, или пак тие уредуваат граѓаните кршат“

Дополнително на ова, патот кој води до ова место, но и домовите на граѓаните кои живеат во овој дел од градот се најнесредените улици, велат граѓаните. И покрај реакцијата до надлежните, слух за овие проблеми нема.

„Во оваа населба во „Бавчалук“ да се живее, ние сме исфрлени како нелуѓе, неплаќачи на самомесен допринос. Плаќаме за хигиена, за улици, осветлување се, но нашата улица ниту се прочистува, ниту се чисте. Најрасипаната, деформирана улица е токму оваа“

За рекнструкција на спортско рекреативниот центар „Бавчалук“ се обидовме да добиеме одговор од новиот градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов, но од кабинетот ни одговорија дека е на Седница на Совет и дека по завршувањето ќе не контактираат. До овој момент повик се уште нема.

Директорот на КЈП „Водовод“, Иван Иванов пак во телефонски разговор за М-Нет телевизија кажа дека овој потег населба „Бавчалук“ како што е позната во Кочани редовно се чисти и се собира отпадот, но граѓаните фрлаат ѓубре повторно и повторно. Во однос на тоалетите кои се во катастофална состојба, Иванов истакна дека не се во нивна надлежност, но сепак понекогаш ги чистат истите.

Лаура Стојанова М-Нет