
Штипскиот полициски независен синдикат денес упати подршка на иницијативата за измена на кривичниот закон според кој нападот на овластен полициско службено лице во работно време ќе се санкционира најстрого со високи парични и затворки казни. Ова уследи по предходните неочекувани напади на полициски службеници при рутински контроли на дрвокрадци, како и при редовна сообраќајна контрола, најновиот инцидент во Гевѓелија кога е прегазен полициски службеник од страна на возач. Независниот синдикат бара измена на формулациите кои се користат при изготовката на полициски записници. Председателот на независниот полициски синдикат Гоце Тодев Делчев денес контактираше со високи представници на независниот синдикат од Словенија пренесувајки го ставот на оваа македонска синдикална конфедерација.
Штипскиот независен синдикат чии председател е Роберт Богатинов, брои 200 членови и ја има подршката на СВР Штип објаснува за М нет Делчев кој го пренесува заедничкиот став на ова сидикално здружение преточен во официјално барање до македонскиот парламент за измена на формулацијата на полициските записници. Имено, на предлог на штипскиот независен синдикат, како и останатите поактивни синдикати во иднина ќе се бара попрецизно дефинирање на евентуалните напади врз полициски службеници. Ова уследи по направената огромна грешка од страна на помалку упатен полициски службеник кој го изготвил записникот кога 14 лица со употреба на метални шипки физицки ја нападнаа полициската патрола од Велес. Во изготвувањето на записникот од нападот на командирот на велешката патрола кој сеуште се бори за сопствениот живот ,наместо обид за убиство е нотирано дека при оваа рутинска полициска контрола на дрвокрадци напагачите иако извриле обид за убиство е нотирана поблага форма на кривично дело односно, немилиот настан е забележан единствено како физички напад, што повлекува поблаги казни за сториителите.
Маре Стојилова М нет
Дарко Лазев М нет