Намален бројот на основци и средношколци во училиштата низ државата

Бројот на основци се намалил за 0,6%, а на средношколци за 2,5% во однос на претходната учебна година, стои во анализата на Државниот завод за статистика. На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на ученици во редовните основни училишта изнесува 184 910, што претставува намалување за 0.6 % во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2021/2022 година изнесува 69 378, што претставува намалување за 2.5 % во однос на претходната учебна година.

Ребека Спасова М-Нет