Амбасадорот на Кина во посета на центарот за традиционална кинеска медицина во Штип

Одржување на втор симпозиум од областа на традиционаланата кинеска медицина, но и продлабочување на соработката на Кина со единствениот центар за традиционалана кинеска медицина е целата поради која денеска Амбасадорот на Кина беше во посета на Штип. Тој имаше можност да се запознае со вработените, начинот на работа и најновите достигнувања во областаа на кинеската медицина во Штип.

„Целта на оваа посета е продлабочување на соработката меѓу амбасадата и нашата установа која е единствена јавна установа од ваков карактер, не само во нашата земја туку и во регионот. Претходно ние имавме соработка со Амбасдата на Народна Република Кина, една од иницијативите меѓудругото е и одржување на втор симпозиум за традиционалана кинеска медицина на кој ќе бидат презентриани најновите достигнувања во оваа област.“ – кажа Каровски.

Каровски истакна дека соработката траела неколку години, штипските студенти неколкупати биле на пракса во Кина и се надева дека ова како пракса ќе продолжи и во иднина.

“Многу студенти од штипскиот универзитет имаат заминато во Кина на различни обуки, најкратките се од осум дена до година дена, а имаше и во 2014 година преку Владата и администрацјата на традиционалната кинеска медицина на Нардона Република Кина договор во кој нашите вработени беа испратени на едногодишни обуки каде ги стекнаа знаењата кои ги имаат денеска“ – додаде Каровски.

Амбасадрот на Кина истакна дека е задоволен од денешната посета и очекува продлабочување на соработката и отворање нови платформи за презентација на кинеската медицина. Тој денеска имаше можност да го проследи методото на обична акупунктура.

Светот повторно е раскрсница на историјата и патот што треба да се следи зависи од изборот на луѓето и државите. Нагласено е дека 20 Национален конгрес на Кина „Големата револуција на кинеската нација треба да го промовира кинескиот стил на модернизација“ и свечено да го деклалира кинескиот народ како народ кој сака да соработува со народите од светот и да се создаде продобра иднина. Кинескиот народ секогаш ќе прави напори со луѓето од останатите држави да создадат подобро утре“ – додаде Ѕуо.

Традиционаланта кинеска медицина е проширена во околу 200 држави во светот и станува важен дел од глобалниот медицински систем.

Лаура Стојанова М-Нет