
Навалица на медицинскиот факултет, младите ја гледаат иднината во здравството. Со големи сонишшта во срцето, документите под пазува и одлуката во рацете, голем број млади, денес го избраа УГД Штип. Дури од Охрид, Гевгелија, Струмица, Кавадарци, во потрага за добро образование, а веднаш потоа и реализација. Пред камерите на нашата телевизија, едногласни дека очекуваат квалитетно образование, многу пракса и методи со цел да бидат идните лекари.
,,Jас ќе се запишам дентална медицина, a jaс забен техничар, a јас општа медицина, јас општа медицина, а јас медицински науки . Имаме подобри можности, за пдообро учење. А јас го избрав, затоа што е во мојот град, добар факултет, мислам дека ми е погоден.“, велат кандидатите
Но, од друга страна по завршувањето, најголем дел од оние кои што денес за запишаа, велат дека иднината ја гледаат во Македонија. Имаа можност за нивна реализација.
Инаку, првиот уписен рок ќе трае денеска, утре и во петок. Вториот упсен рок се очекува да биде во септември на четврти и петти септември, додека третиот исто во септември само на 17 и 18. И оваа година Штип се очекува да биде центар на образованието и на истокот.
Иван Митев, М-Нет