Момче од Турција приведено во Штип, пронајдена марихуана

На 04.04.2026 во 00:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Ц.Д. (23) од Турција, со привремен престој во државава, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.