
На вчерашната прес-конференција на која беше промовиран новиот селектор Гоце Седлоски едно од прашањата на кое се зборуваше беше и околу можно враќање на некои од поранешните репрезентативци, како Бобан Николов, Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Селекторот Седлоски истакна дека размислуваат за разговори со Николов, Ристовски и Адеми, како и со останатите играчи кои настапувале или кои можат да настапуваат за македонската репрезентација, а играат во добра форма.
„Доста долго работам во македонската лига како што кажав не треба да се потценува. Има играчи од македонската лига кој се стандардни кои играат сигурно е дека тоа што е најдоброто од Македонија ќе биде повикано за репрезентацијата. Што се однесува до Адеми и Стефан, сакам со секој не само со нив, со тие двајца и со Николов ќе разговараме, ќе гледаме и ќе одлучиме што понатаму“, рече Седлоски.
Седлоски исто така нагласи дека ќе настојува на секој репрезентативен повик да не ја потценуваме Првата македонска фудбалска лига и да има најмалку четири до пет играчи во А-селекцијата.
Новиот селектор го очекуваат бараж дуелите за пласман на Светското првенство, односно во март го играме првиот бараж дуел против Данска, а ако ја добиме Данска во Копенхаген ќе одиме на соочување со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.
Александар Ванев, М-Нет