Можат ли младите да купат стан или куќа, штипјани велат тешко

Да се купи стан или куќа во денешницата станува луксуз. Граѓаните во Штип велат без да се земе кредит и да се ризикува со години истиот да се плаќа, невозможно е младите да имаат свој дом. Токму денес, на светскиот ден на живеалиштата, на терен тие велат дека цените се напумпани, па многу често младите живеат заедно со повозрасните на еден спрат. Децидни остануваат оти една од главните причини, поради кои се намалува бројот на бракови е поради нерешеното станбено прашање.

Поделени се мислењата на штипјани, кога е во прашање странство. Едни велат дека е добра опција за младите, но сепак поголем дел децидини и таму не е лесно да се живее. Многу тешко се купува стан и куќа, а најчесто се живее под кирија

Инаку, светскиот ден на живеалиштата се одбележува секогаш во првата седмица од месец октомври, со цел да се потсети светот на состојбата на градовите и правото на соодветно засолниште за сите.

Иван Митев, М-Нет