
Доцни подготовката на нивите за есенската сеидба поради сушата во источниот регион, во штипско, пробиштипско, светиниколско и кочанско, нема ниту капка дожд. Земјоделците се уште не можат да ораат и да ја подготват земјата за сеидба. Почвата е сува и тврда, па механизацијата тешко влегува на нивите. Велат дека им требаат пообилни дождови, најмалку 50 литри на метар квадратен, за да можат да почнат со работа. Штом заврне, ќе почнат со орање, подготовка на нивите, а потоа и со сеидба.
,,Па веќе е сезона, дури и мине сезоната. До сега површините требаше да бидат изорани, дури да се почне и со седиба, меѓутоа уште немаме барем воистокот воопшто орано. Пред некое време имаше малку дожд, меѓутоа многу малку. Пробуваме на некои делови, меѓутоа оди многу тешко, затоа што нема дождови. Чекаме, ќе треба пообилни дождови, барем 50 тина литри да паднат, за да може да се навлезе со механизацијата да почнеме да спремаме. Одма што се изора, истањира, да се израмнат, ќе почнеме и одма со сеидба.“, вели Серафимов
Поскапата нафта им создава дополнителен проблем на земјоделците. Од Асоцијацијата бараат зелената нафта, како помош од државата, наместо во пари, да се доделува во литри, за помошта да има поголем ефект.
,,Сега имаме и некоја најава дека треба да ги даваат тие боновите за таа нафта што велат од државата – зелена (помош), меѓутоа ние како Асцоијација планираме да тражеме до сега беше во пари, да бараме во литри нафта, бидејки нафтата се покачи многу. Да рече ако лани за 100 000 сме зимале тон ипол нафта, сега ќе земеме само тон.“, додава Серафимов
Инаку, според информациите на УХМР, 70 проценти врнежи од дожд се очекуваат овој викенд. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, што значи дека од следната седмица земјоделците би можеле да почнат со орање на нивите, а дополнително и со сеидба.
Иван Митев, М-Нет