Младите кикбоксери Баже Јанев, Антонија Тасева и Јован Јанковски од Штип со „жетва“ на медали на меѓународни натпреварувања!

Кик Бокс клубот Гладијатор Фајт од Штип е расадник на млади и талентирани спортисти кои бележат големи резултати, не само во Македонија, туку и на меѓународната сцена.

Младите Баже Јанев, Јовна Јанковски и Антонија Тасева се пример дека со многу труд, вложување, тренирање, дисциплина може да се освојуваат медали на големите натпреварувања.

Во изминатиот период тројцата членови на штипскиот кик бокс клуб настапија на два силни меѓународни турнири во Србија и Босна и Херцеговина од каде се вратија со медали.

„Потешко ми беше конкуренцијата во Босна и Херцеговина каде што имав противничка појака од мене и за жал изгубив, но тоа е мотив за сега во Ниш да се поправам и со тоа се пласирав на третото место. Во Белград освои прво место каде што имав Србинка и Македонка и ги победив двете“, вели Тасева во изјавата за М Нет телевизија.

Овие резултати, овие освоени медали за младите натпреварувачи се многу важни како мотив, стимул и поттик кон уште поголеми меѓународни резултати, а со тоа и претставуање на Штип и Македонија во најдобро светло.

„Мислам дека ова има големо значење за нас, бидејќи ние дава напредок за понаред да одиме и за поголем успех“, дополнува Тасева.

Младиот Јован Јанковски е задоволен од постигнатите резултати, како во Србија, така и во Босна и Херцеговина, вели дека максимално се вложиле за да стигнат до овие резултати.

„Јас сум многу задоволен затоа што конкуренцијата беше многу добра и во Босна и Херцеговина, како и во Србија, за жал изгубив во Белград, но затоа ја поправив грешката во Босна. Многу ми е важно ова затоа што имам многу труд вложено во сите борби и медали. Во иднина ќе се надеваме на се подобро“, вели Јанковски.

Младиот Баже Јанев имаше одлични резултати вели дека во Босна и Херцеговина конкуренцијта била поголема во однос на конкуренцијата во Србија.

„Во Босна и Херцеговина на мене ми беше потешко да го освојам златниот медал. Таму имав две борби и поголема конкуренција. Во првата борба противник ми беше натпреварувач од Босна и Херцеговина, а второт беше од Црна Гора и ги победив и двајцата“, истакна 12-годишниот Јанев.

Овие резултати се доказ за максималната посветеност и на тренерот Шенол Асанов за подготовка на младите натпреварувачи со максимална посветеност, дисциплина и залагање за да има вистинска жетва на медали на големи меѓународни натпреварувања.

Александар Ванев, М-Нет