
Младиот штипјанец Марио Ванчоски освои сребро на Меѓународната хемиска олимпијада во Дубаи. Тој се искачи на светската сцена и освои сребрен медал на престижната 57. Меѓународна хемиска олимпијада што се одржа во Дубаи.
Со надминување на 354 врвни хемичари од 90 држави, Марио блесна во експерименталниот дел, постигнувајќи трет најдобар резултат и ставајќи го своето име на мапата на најдобрите млади научници во светот. Осовено горди на ова се СОУ Гимназија Славчо Стојменски, истакнувајчи дека тој е доказ дека упорноста и талентот можат да донесат глобални успесни.
Инаку, Ова е не само личен триумф за Марио, туку и големо признание за македонското образование и талентите кои ја прават земјата горда. Со среброто од хемиската олимпијада, Марио го отвора патот за идни научни достигнувања и не престанува да го инспирира младото поколение.
Иван Митев, М-Нет