
Македонската одбојкарска репрезентација се подготвува за двата квалификациски натпревари против Грузија и Грција за Европското првенство 2026 година.
Младиот коректор Стојче Арсов очекува победа на двата натпревари, со што би бил трасиран патот кон четврти континентален собир уште овој август.
Арсов вели дека за разлика од Европската златна лига, во квалификациите за ЕП 2026 се бара резултат, односно победи против Грузија и против Грција.
На 17. август Македонија ќе игра против Грузија, а на 25. август против Грција.
Александар Ванев, М-Нет