
Не знам дали е хакерски напад или друг проблем, ама знам дека ФЗО го раководат неспособни кадри, рече лидерот на опозициската на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање од Свети Николе за пречките во ФЗО и здравствениот систем.
„Во јавноста две работи се важни да се кажат, првата, дека здравствените работници не добиваат редовно плата, вториот факт, е дека нешто не е во ред со ФЗО, односно дека Фондот нема пристап до податоците на осигурениците, зошто е тоа така не знам. Дали е хакерски напад, дали е не знам каков нападат, дали е нешто трето или итн.“, рече Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека здравството веќе ни е пропаднато и поради тоа, како што рече, како политичка партија целосно ќе го поддржат протестот на здравствените работници кои треба да го добијат она што го изработиле.
„Здравството не ни е на пат кон пропаст, туку здравството ни е пропаднато. Тоа е суштината и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во овој случај, тие треба да го добијат она што е изработено и заслужено“, додава Мицкоски.
Инаку, вработените во речиси сите болници во Скопје и останатите градови низ земјава најавија протест за утре.
Ребека Спасова М-Нет