Михајлов ја продолжи штипската традиција – државен првак и патник на Европското првенство


Каратистот Љупче Михајлов од карате клуб Штип оствари голем успех, освојувајќи ја титулата државен сениорски првак и обезбедувајќи настап на Европското сениорско првенство.
Михајлов до златниот медал стигна по три исклучително тешки и неизвесни борби, во кои покажа врвна форма, борбеност и шампионски карактер. Со овој триумф, тој не само што ја потврди својата класа, туку и ја продолжи богатата карате традиција на Штип на национално ниво.
Овој успех претставува голем мотив и предизвик за претстојниот европски настап, каде Михајлов ќе ја претставува Македонија на највисокото сениорско ниво, со надеж за нови успеси и меѓународна афирмација.