
Повеќе од половината од хоспитализираните пациенти од Ковид 19, во модуларната ковид болница во Штип со потреба од кислородна поддршка, од една страна, но од друга страна слободни 11 места, од кои 1 во модуларната болница и 10 на Инфективнот одделени без можност за кислородна поддршка. Вкупно хоспитализирани во штипската клиничка болница се 86 пациенти од кои 43 во модуларната болница и 43 на Инфективното одделение. Добра вест е дека нема починат ниету еден пациент информираа потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Ноќта и во кочанската Општа болница со проширна дејонст помина мирно. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија директорот на Општата болница со проширена дејност Кочани, Александар Серафимов, истакна дека и таму нема починати пациенти, а слободни места има 1 во модуларната ковид болница, 8 на Физикална медицина и 9 на одделот за Интезивна нега. Се намалува и бројот на пациенти на кои им е потреба кислородна поддршка, односно од хоспитализирани 28 пациенти во модуларна болница и 2 на Физикална медицина на кислородна поддршка се 12 пациенти. Според податоци на Институтот за јавно здравје Во земјата, досега, се направени вкупно 681.272 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937 лица.
Лаура Стојанова М-Нет