Миовски: А кој сака повеќе од мене да постигне гол, дадовме се од себе, загубивме несреќно!

Македонската фудбалска репрезентација загуби в клучниот натпревар во квалификациите за Европското првенство и запиша пораз од Украина со резултат 2:0 во Прага.

Свое видување за мечот даде штипјанецот Бојан Миовски, кој смета дека Македонија несреќно загубила, а дека на терен дале се од себе.

“Ако јас како напаѓач не сакам да дадам гол, не знам кој би сакал повеќе од мене. Даваме се од себе видовте прво полувреме игравме одлично но ни фалеше само гол, ако дадевме гол ќе беше поинаков натпреварот. Несреќно загубивме, а дадовме се од себе. Ние немавме среќа како Украина, продолжуваме понатаму”, рече Миовски.