Милан Стојановски е новиот шеф на стручниот штаб на ФК Пелистер

52-годишниот Милан Стојановски е новиот тренер на битолскиот прволигаш.

Милан Стојановски е познато фудбалско име на овие простори. Роден е во соседна Србија и има забележано 26 настапи за македонската фудбалска репрезентација.

Стојановски ги водеше Раднички Пирот, Локомотива Белград, Телеоптик и ИМТ. На клупата на Пелистер ќе дебитира в недела на роденденскиот натпревар против Динамо Букурешт.