Мечот во Гевгелија меѓу Кожуф и Локомотива ќе има хуманитарен карактер

По репрезентативната пауза, утре продолжуваат натпреварите од 22. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Мечот во Гевгелија помеѓу Кожуф и Локомотива ќе има хуманитарен карактер.

  • ЦЕЛОСНО СООПШТЕНИЕ НА ФК КОЖУФ:
    “По репрезентативната пауза, во сабота (01.04.2023) со почеток од 15:00 часот, на домашен терен ја пречекуваме екипата на ФК Локомотива. Натпреварот ќе биде од хуманитарен карактер и сите средства од продадените карти ќе бидат наменети за лекувањето на нашата сограѓанка Елизабета Гуцева. Исто така ќе биде поставена и кутија за донации.
    Воедно, чест и задоволство ни е да Ви најавиме дека по подолг период ќе ја имаме и поддршката од нашата навивачка група ФАНТОМИ, која ни е нашиот 12-ти играч и составен дел од нас.
    Во сабота биди хуман и навивај за Кожуф.”