
На чекор до новиот ковид бран, и почетокот на имунизација во нашата држава, нејаснотии сеуште има и постојат, како за лицата кои еднаш прележале корона, така и за вакцините, ефектите, ширењето на невидливиот непријател. Вечна дилема останува прашањето што со лицата кои веќе прележале ковид 19? Смеат ли истите да се вакцинираат и дали истите може повторно да бидат преностители на заразата. Инфектологот Вело Марковски, истакна дека корона прележаните пациенти не смеа да се вакцинираат.
Марковски исто така посочи дека лице кое веќе прележало ковид 19, и да е во контакт со лице позитивно тој не може да биде преносител на заразата.
Марковски истакна дека вакцина би примил само во случај кога ќе биде сигурен дека не е во ризик со примањето на вакцина. Зошто инаку се зголемува бројот на новозаразени лица и смртни сличаи, како се лекуваат ковид пациентите и многу интересни теми прогледнете во емисијата „Интерактив“ во 17 часот на каналот на М-Нет.
Лаура Стојанова М-Нет