Малолетничка физички нападната во куќа во Лозово, тепачката била снимана со мобилен телефон

На 16.09.2021 во 18.00 часот во Полициската станица Свети Николе, Н.С.(47) од Лозово пријавил дека на 15.09.2021 во периодот од 21.40 до 22.30 часот во неговата куќа во с.Лозово, физички била нападната неговата малолетна ќерка од Д.Д.(19), С.Р.(21) и две малолетнички, сите од с.Црнилиште, светиниколско. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чии насоки времено е одземен мобилен телефон од една малолетничка во кој се пронајдени снимки од кривично правниот настан. Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.