
Штипјанецот Бојан Миовски кој е репрезентативец на Македонија го освои својот прв трофеј со неговиот тим Џирона. Трофејот Миовски го освои откако славеше во финалето од Купот на Каталонија, а во кое тимот на штипјанецот беше подобар по изведувањето на пенали совладувајќи го Еспањол со 5:4.
Миовски во игра влезе во второто полувреме, во регуларниот дел беше 0:0, а потоа во пенал серијата подобра беше екипата на Џирона, а пак Миовски го погоди вториот пенал.
Џирона трофејот го освојува на денот кога го прославува својот 95 роденден, екипата на Миовски е основана на 23 јули 1930 година.
Џирона минатата сезона имаше доста тешка сезона заврши на 16-тото место и буквално во последното коло го избори опстанокот. а пак претходната сезона 2023/2024 направи големо изненадување завршувајќи на третото место и обезбедувајќи место во Лигата на шампионите.
Александар Ванев, М-Нет