
Фудбалската репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога и со победа над Малта од 2:1 на „Тодор Проески“ ги стартуваше квалификациите за Европското првенство кое во 2024 година ќе се игра во Германија.
Нашата репрезентација до триумфот над Малтежаните стигна дури во вториот дел од натпреварот, а „црвено-жолтите“ со денешниот триумф го продолжија победничкиот и позитивен ритам против островската репрезентација. Во меѓусебните дуели Македонија сега има шест победи во седмото соочување, бидејќи едниот меч во 2010 година заврши без победник со по еден гол во мрежата (1:1).
Македонија на терен истрча со најсилниот состав, освен Аријан Адеми, кој се повреди. Натпреварот тргна мирно и сигурно, нашата репрезентација повеќе ја имаше топката и се обидуваше да го проби бункерот на Малта. Македонија имаше неколку посериозни шанси, но немаше реализација на истити и резултатот на полувреме беше 0:0.
На стартот од вториот дел Македонија повторно повеќе ја имаше топката и беше поконкретна, но сепак, фалаше завршница. Во 60. минута од мечот судијата Товер покажа на белата точка за Македонија, откако Миовски падна во казнениот протостор, но по прегледувањето на ВАР, се утврди дека симулирал и доби жолт картон.
Сепак, Македонија го скрши отпорот на Малта шест минути подоцна односно во 66. минута од мечот, кога Елиф Елмас доби топка во казнениот прстор и по земја успеа да го совлада противничкиот голман за водство на Македонија од 1:0. По голот фудбалерот на Наполи беше поздравен со овации.
Македонија дојде експресно до двојна предност, откако беше полесно по скршениот оптпор на Малтежаните на „Тодор Проески“ во Скопје. Крилниот напаѓач Дарко Чурлинов доби топка на десната страна и откосо биеше неодбранливо за голманот на Малта во поблискиот агол со полувисок шут, удар кој беше прецизен и неодбранлив за Бонело.
Малта не се откажа од натпреварот иако имаше негатива од два гола, откако во 86. минута Јаник погоди и намали на 2:1, но сепак немаше време за нешто поконкретно и евентуално изненадување, иако гостите имаа уште една посериозна шанса во судиското надополнување, но сепак, резултатот не се промени.
Во последните минути од мечот селекторот Благој Милевски кој приговараше кај арбитрите, доби црвен картон од главниот судија Кристо Товер и мораше да го напушти терен и ќе мора да „паузира“ еден натпревар.
Што се однесува до нашата група Ц, Англија го доби дербито против Италија со 1:2, а пак Украина беше слободна. Во второто коло Македонија е слободна, па во понеделник ќе одигра пријателски меч против Фарски Острови, додека пак во јуни Македонија ќе игра против Украина во рамки на 3. коло.