Македонија со три натпревари на „Жолтиот куп“ – последна проверка на формата пред ЕП

ФОТО: Ракометна федерација на Македонија

Ракометарите на Македонија вчера пристигнаа во Винтертур каде ќе настапат на „Жолтиот куп“ кој ќе послужи како последна проверка на формата пред настапот на Европското првенство.

Македонската репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров во три дена ќе одигра три натпревари. Веќе вечерва се игра натпреварот со репрезентацијата на Бахреин, додека пак утре ќе игра со Украина, а веќе во сабота ќе следува мечот со Швајцарија.

Овие три натпревари како што истакна и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски ќе послужат за последни проверки со цел да се отстранат сите недостатоци кои биле претходно, со цел да бидат перфектни на следните натпревари.

Македонската репрезентација по вчерашното патување го одработи и првиот тренинг во Швајцарија.

По настапите на „Жолтиот куп“ Македонија заминува за Хернинг, каде и ќе одигра уште еден пријателски меч со данскиот прволигаш Митјиланд кој ќе биде финална проверка пред настапите на Европското првенство.

Македонија мундијалот го отвара на 16 јануари против Данска, два дена подоцна одиме на мегдан со Португалија, а пак на 20 јануари ќе играме со Романија.

Александар Ванев, М-Нет