
Македонија со 26 каратисти ќе настапи на карате 1 Младинската лига во Пореч, Хрватска во период од 26 до 29 јуни.
Од Штип за Хрватска заминаа неколку каратисти од карате клубот Штип во машка и женска конкунреција, максимално подготвен во борбата за освојување на медали.
Од Штип на светската младинска лига ќе настапат Марко Џорлев, Паола Арсовска, Душица Бреслиева, Драгана Ефтимовска, Мила Панчева, Љупче Михаилов и Џем Пашов.
Во категорија до 14 години во конкуренција од минус 45 килограми до плус 55 килограми ќе настапат Матеј Крстовски, Кирил Цветковски, Михаил Велјановски, Немања Младеновиќ и Меритон Зејнели.
Во категорија кадети во конкуренција од минус 47 килограми до плус 70 килограми ќе настапат Паола Арсовска, Мила Николова, Марко Џорлев, Албин Али, Гордан Божовиќ и Џем Пашов.
Во категорија јуниори во конкуренција од минус 53 килограми до минус 76 килограми свое учество ќе земаат Душица Бреслиева, Илијана Серафимова, Драгана Ефтимовска, Теодора Наумовска, Андреј Стојчевски, Јован Врклевски и Марко Филиповски.
Во категорија до 21 година, а во конкуренција од минус 55 килограми до плус 84 килограми, ќе настапат Рудина Алиу, Мила Панчева, Јована Мицовска, Недим Шаќири, Матеј Белистојаноски, Љупче Михаилов, Реџеп Рушити и Данило Божовиќ.
Младиот и успешен каратист Марко Џорлев од Штип за М Нет телевизија истакна дека се чувствува подготвен за тоа што го очекува во Пореч, додава дека за првпат настапува во категорија кадети на голем турнир.
Вкупно 3225 каратисти ќе земаат учество во Пореч, Хрватска, со 3262 натперварувачки влезови од 78 држави.
Александар Ванев, М-Нет