Магла од Штип до Кочани, одрони од Истибања до Делчево, се апелира на зголемено внимание

Магла од Штип до Кочани, одрони од Истибања до Делчево, Македонија пат апелира на зголемено внимание до возачите. Раководителот Влатко Цоневски вели возачите мора да ја прилагодат брзината и да внимателно да управуваат, бидејќи мало невнимание може да донесе последици. Вели дождот преизвикува постојано одрони, а истит до сега се мали.

,,Возачите како што секогаш велиме, да внимаваат на брзината предвидена со сообраќајната сигнализација. Брзината да ја прилагодуваат према условите на коловозите, без разлика на кој патен правец. Во моментот сите коловози се влажни, имаме врнежи од дожд, не се обилни, меѓутоа ги имаме, што предизвикува одрони на делниците, магла исто имаме во пониските делови, така да не е отежнато движењето, но треба големо внимание и претпазливост при движењето на сообраќајниците. Маглата према видливоста, тоа е во пониските делови односно штипскиот регион и кочанскиот. “, рече Цоневски

Одроните се речиси на познатите патни правци Истибања Делчево и Виница Берово, рече Цоневски, додавајќи дека истит можат да предизвикат кинење на кума или оштетување на возилото.

,,Одроните се како што знаете на сите патни правци како што и констатно ги имаме. Немаме големи одрони, меѓутоа знаат, од време на време да паѓаат, знаат да предизвикаат што не треба да предизвикат кинење на гума, или кршење на картери или некој ситни дефеци . Тоа е од Истибања спрема Делчево и од Виница према Берово.

Инаку, од Македонија пат апел особено упатуваат на патиот правес Истибања Делчево, каде таму се најчести појавите на одрони, а на магла на пониските делови од штип до Истибања.

Иван Митев, М-Нет