Локацијата во Вруток и натаму обезбедена, резултатите од анализите се очекуваат утре

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод.

Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена, соопшти Обвинителството.

Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена.

Текстот Локацијата во Вруток и натаму обезбедена, резултатите од анализите се очекуваат утре е превземен од МАКФАКС.