Лиценцирани негователи за помош и нега на стари лица добија општините Пробиштип и Кратово

Со меѓуопштинска соработка, општините Пробиштип и Кратово го започнаа проектот за добивање лиценцирани негователи кои ќе се грижат за граѓаните над 65 години. Негата и грижата за сите граѓани е приоритет и на двете општини, а неопходните работи кои повозрасните граѓани не можат да ги извршат сами ќе ги завршуваат со помош на негователи.

„Со оглед на самата миграција и проблемите во тој дел Општина Пробиштип води грижа за нашите највозрасни сограѓани. Заедно со Општина Кратово влеговме во еден ваков проект кадешто добиваме лиценцирани негователи, кои ќе водат грижа за 20 наши сограѓани.Оние потреби кои неможат сами да ги завршат ние ќе и ја пружиме грижат. “ – вели Анастасов.

За 24 крајни корисници Општина Кратово обезбедува седум лиценцирани негователи. Целата останува иста, да им се помогне на граѓаните на кои помошта им е неопходна.

„Она штого обезбеди Општина Кратово е седум лиценцирани негователи кои обезбедуваат поддршка и нега на крајни корисници, на 24 крајни корисници, стари и изнемоштени лица на територија на Општина Картово“ – додава Китановска.

Услугите ќе бидат достапни и за граѓаните во руралните средини како и во поодалечените места во двете општини. Денеска од Пробиштип, Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска истакна дека приоритет е помошта на социјалните групи граѓани како и на повозрасните граѓани.

„Посебно ме радува тоа што услугите се достапни и во руралните средини и во најодалечените места, а нашата заложба е да се грижиме и да им овозможиме и на нив услуга. Во изминатиот период доста актуелни беа барањата на пензионерите за покачување на пензиите кои остануваат висок приоритет на министерството“- вели Тренчевска.

Проектот е прва меѓуопштинска соработка меѓу Пробиштип и Картово, а е релаизиран преки Министерството за труд и социјална политика и Светска банка, како и Црвенит крст при Општина Пробиштип.

Лаура Стојанова М-Нет