
Повеќенаменско спортско игралиште, со тартан подлога, простор за фудбал и кошарка добива и населба Балканска. Денеска се постави подлогата, а во наредните денови ќе се работи на целосно уредување на спортскиот терен, поставување заштитна ограда и целосно осветлување. Увид во работите на терен изврши градоначалникот, Иван Јорданов, кој потенцираше дека ова е по барање на жителите на оваа населба.
„Ја користам прилика да најавам дека во наредните денови во наредните денови ќе се работи на повеќенаменско изгралиште во населба Балканска, за фудбал и кошарка. Ќе се постави заштитна ограда и целосно осветлување на овој спортски терен, кој по барање на жителите е со тартан подлога. Вложуваме во секоја населба па одлучивме во наредниот период ќе вложиме и во населба Балканска.“ – вели Јорданов.
Со нешто повеќе од два милиони денари пари одвоени од Буџетот на Општина Штип се инвестира во населба Балканска. По завршување на спортскиот терен ќе се асфалтираат улици, а ќе се работи и на осветлување на делови од оваа населба.

„По завршувањето на ова повеќенаменско спортско игралиште за фудбал и кошарка ќе се насочиме на асфалтирање на неколку улици во самата населба, кои се исто така барање на жителите, а ќе се осветли и некој дел од населбата“ – додава Јорданов.
До крајот на годината Јорданов потенцираше дека спортски игралишта, повеќенаменски, ќе добијат сите населби во Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет