Линеарно зголемени пензии и мерки за високите цени во маркетите, најавува премиерот Мицкоски

Линеарно зголемени пензии, како и мерки за високите цени во маркетите, најави денес премиерот Христијан Мицкоски во својата изјава. Како што потенцираше тој, линеарноото покачување на пензиите е по барање на пензионерите, а ова законско решение ќе помине денес на новата седница на владата, по што ќе биде испратено до парламентот со што се очекува да биде изгласано позитивно.

,,Да, јас тоа веќе го најавив дека очекуваме линеарно зголемување на пензиите . Тоа го бараат практично пензионерите од владата. Тој процент согласно закон, кој што треба да се зголеми да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии. Ние тој глас го слушнавме како влада. Денеска на седница на влада би требало предлог законското решение да помине и веднаш потоа да биде испратено до парламентот, со што очекувам парламентот, пред распишување на локални избори да тоа го изгласа позитивно.“, рече Мицкоски

Прашан дали се очекуваат мерки за високите цени во маркетите, премирот Мицкоски одговори дека многу наскоро владата ќе излезе со решенијата.

,,Ние сме сите на иста страна, како граѓаните, така и влада. Многу скоро ќе излеземе со ермки кои што ќе значат заштита на интересите на граѓаните се разбира. Mногу скоро ќе излеземе со мерките.“, додава Мицкоски

Инаку, премиерот дополнително потенцираше дека целта на оваа влада е јасна. Да се изгради и развие државата најмногу што може. Истакна дека државата инвестира и ќе инвестира во сите сектори за да граѓаните имаат подобар живот.

Иван Митев, М-Нет