
Овој викенд се докомплетира 10. коло на Втората женска фудбалска лига, откако се одиграа одложени три натпревари, поради трагедијата во Кочани.
Натпреварот во Радовиш меѓу екипата на Плачковица и Кочани започна со минута молк во чест на трагично загинатите од страотниот пожар во Кочани.
Повеќе од јасно беше разликата во квалитет и очекувана беше високата победа за лидерот и фаворит Кочани со резултат од 0:8. Вториот дел од натпреварот се одигра при обилни врнежи од дожд.
Екипата на Порече со 6:0 на домашен терен во Македонски Брод однесе висока и убедлива победа над Победа Валандово, а пак Билјанини Извори во Велес со 0:11 го декласираше Борец во меч на тотална доминација на охридскиот клуб.
Претходно, Вардар со 0:8 го доби дебитантот Слободен во меч кој се одигра на 15 март.
Во однос на табелата лидер е Кочани со 28 бодови, втор или во бараж зоната е Вардар со 25 бодови, на треотто место е Билјанини Извори со 22 бодови.
На делба на четвртото место се Плачковица и Порече со по 13 бодови. Победа Валандово е шеста со шест бодови, екипата на Слободен е седма со три бодови, а на дното е Борец со само еден бод.
Александар Ванев, М-Нет