Лавина реакции кај граѓаните на Штип по рестрикциите и лимитот во ,,Алта Банка“, дел од нив пари веќе чуваат ,,под перница“

Лавина реакции и загриженост кај граѓаните и во Штип по воведувањето на строгите рестрикции и лимити во „Алта Банка“ во Македонија. Веста дека во оваа банка се воведува лимит за повлекување пари од само 10.000 денари неделно за физички лица, ги загрижи и граѓаните во Штип, иако банката нема свое седиште во градот под Исарот.

Повозрасните граѓани анкетирани на терен велат дека во денешно време е многу посигурно парите да се чуваат под перница отколку во банка.

По случувањата, граѓаните велат дека се помалку веруваат на банките и дека се загрижени за ситуацијата. Некој веќе парите велат дека не ги чуваат во банка и одамна картички не користат.

Согласно ситуациајта, од банката денеска соопштија дека клиентите на истата ќе можат да подигнат до 20.000 денари во период од две недели. Исплатата ќе се одвива според однапред утврден распоред, за кој клиентите ќе бидат известени преку СМС-порака со точниот ден и час за посета на филијалата.

Иван Митев, М-Нет