
Вчера се одиграа натпреварите од вонредното трето коло во Трета лига – Север, а во кое фаворитот за влез во Втора лига, екипата на Еуромилк ГЛ беше пресилна, поранешниот прволигаш со 1:8 славеше над некогашниот второлигаш Кадино.
Екипата на Ржаничино дојде до гостински бод откако одигра 2:2 со екипата на Башкими Љуботен, а пак БВК Коњаре најде на силен отпор од Отља, но сепак славеше со 2:3.
Фортуна забележа убедлива победа од 3:0 против Беса од Слупчане, а пак Студеничани и Куманово ремизира играјќи 1:1.
Пчиња ја израдува својата публика откако со 6:2 го доби мечот со Беса од Сарај, а пак Лопате немаше сили за Аеродром и дома загуби со 1:3.
Во однос на самата табела екипата на Еуромилк ГЛ е на врвот со девет бодови, а толку има и Аеродром кој е втор. Куманово и БВК Коњаре го релат третото место со по седум бодови, а пак Пчиња е петта со шест бодови.
Ржаничино е шести со четири бодови, а толку имаат Фортуна и Башкими Љуботен. По три бода имаат Беса од Сарај и Кадино, Студеничани е на 11. место со два бодови, а пак место подолу е Беса од Слупчане со еден бод.
Без бодови се новите третолигаши Лопате и Отља.
Александар Ванев, М-Нет