
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.М.(25) и С.С.(24) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 03.05.2021 во 22.10 часот полициски службеници ги затекнале пријавените како се движат без дозвола за движење, со што не ја почитувале мерката со која се забранува движење на населението со цел спречување на внесување и ширење на коронавирусот.