Кривична пријава за незаконит лов во пехчевското село Панчарево

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Т.И.(38) и М.Д.(27), двајцата од с.Панчарево, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 01.09.2020, полициски службеници ги затекнале пријавените во ловиште во атарот на с.Панчарево, во период кога имало забрана за лов за секаков вид дивеч. Тие биле лишени од слобода и им биле одземени пронајдените оружје и муниција.