Кривична за 38-годишник од Штип, кај него пронајдени нож, марихуана и амфетамин

СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.Ч.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.02.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени марихуана, амфетамин и нож.