Беровчанец ќе донира месо за новогодишната трпеза и средства за лекови на луѓето од ранливи категории

Беровчанец ги воодушеви сограѓаните со објавата на социјалните мрежи дека ги повикува сите кои не можат да си дозволат месо за новогодишната трпеза, но и луѓе кои имаат потреба од средства за лекови да го контактираат. Неговата објава наиде на многу позитивни коментари.