Крводарителска акција, изложба и продажба на предмети – подготвена прослава за Денот на извидниците

Крводарителска акција, изложба, како и продажба на рачно изработени предмети се дел од активносностите кои ќе се реализираат во сабота по повод Денот на извидниците. Во дворот на Дом на млади, највено е присуство на гости од цела држава, извидници пред се деца и млади. Средствата кои ќе се соберат од продажбата на предметите ќе бидат употребени за реконструкција на просторијата на штипските извидници.

„Организираме крводарителска акција која ќе биде во просториите на Дом на млади и изложба „Извиднидите некогаш и денес“. Исто така ќе имаме продажба на производи изработени од нашите деца со тоа ќе се помогне и да се реконструира канцеларијата. Има најава дека ќе присуствуваат околу 400 гости од цела Македонија, претежно тоа се деца и млади.“ – вели Андов.

Денот на извидничкото движење се одбележува на 22 февруари, а мотото на извидниците е „Создаваме подобар свет“. Како што додава Андонов заинтересираност кај младите од Штип има да се приклучат и да бидат дел од извидничккото движење, да сознаваат нови работи и да научат да ја сакаат природата, животните и луѓето.

„Всушност извидниците му помагаат на општеството на еден начин тоа да биде подобро. Самото мото на извидниците е „Создаваме подобар свет“. Ги учиме младите и децата од најмала возраст да бидат емпатични, преку извидничките методи и принципи да се соживуваат со природата, да ја сакаат природата, животните и луѓето.“ – додава Андонов.

Во извидничкиот одред во Штип се вклучени членови од 7 па до 90 годишна возраст. Има машки и женски членови кои се трудат да помогнат и да го подобрат општеството во кое живеат.

Лаура Стојанова М-Нет