
Вчера во раните утрински часови, 84годишен штипјанец пријавил во СВР Штип дека непознат сторител влегол во неговиот дом на улица „Косовска“ во Штип, физички го нападнал и му одзел два мобилни телефони. Увид на местото изврши увидна екипа на СВР Штип, од каде работат на расчистување на случајот.
Вчера во Полициската станица Штип, 29 годишна жена пријавила дека претходната ноќ во семејната куќа во село Радање била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.С.(30). Тој бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.