Крави вчеравечер уништија неколку дворови и лозја во месноста Суитлак во Штип

Исти проблем, различна локација. Вчеравечер кравите се симнаа во дворовите и лозјата на граѓаните чии куќи и вили се наоѓаат во месноста Суитлак во Штип. Животните ги уништипле заштитните огради во дворовите, а се хранеле од посевите во бавчите, реагираат граѓаните. Велат ова не е нов проблем, веќе петта година по ред се борат со оваа мака, но надлежните немаат слух. И покрај тоа што постојано апелираат да се превземат некакви мерки, резултат на виделина нема. Граѓаните додаваат дека се знаат и сопствениците на кравите, ама решение и по пет години не се нашло.

Првиот човек на град Штип, Иван Јорданов во претходната прилика кога кравите ги уништуваат посевите во неколку штипски села, истакна дека ќе се реагира за решавање на овој проблем. Во оваа прилика тој побара трпение од страна на граѓаните бидејќи проблем кој не е решен пет години не може да се реши за неколку месеци. Истовремено додаде дека надлежност овде имаат од Агенцијата за ветеринарство и храна.

„Како комунална инспекција може да кажеме само дека надлежни за превземање мерки е АХВ и ветеринарни инспектори. По Законот за благосостојба на животни, истите би требало да ги гонат за нехумано чување и третирање на живината. Ние немаме надлежнот бидејќи кога на лице место ќе ги видиме тие животни, тие имаат обетки со бројки, а ние немаме евиденција, не ги знаеме“ – вели Везнеков.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство п-одрачна единица Штип, во телефонски разговор ни кажаа одговор да побараме од Локалната самоупрва или од АХВ Скопје. Од Скопје одговор се очекува деновиве.

Инаку проблемот со кравите кои уништуваат посеви, ниви и дворови во Штип е стар пет години. За граѓаните од месноста Суитлак опасност претставуваат и улични кучиња, за кои исто така бараат да се превезме мерка и да се најде решение.

Лаура Стојанова М-Нет