
По објавувањето на приказната за проблемот кој го има боречкиот клуб „Олимпија“ од Штип околу регистрацијата на своето членство за да можат да се вклучат активно во натпреварувањата со своите спортски противници за оваа календарска година, главната пречка според федерацијата е членот 22 од правилникот за регистрација на боречки клубови и нивните членови зошто и на кој начин треба да се отстранат неправилностите и што е испуштено од стразна на клубот прашува тренерот на Олимпија Кире Нисев. Стапивме повторно во контакт и со боречката федерација за да ни дадат одговор и кој е ставот од таму и за што се работи па не може да се изврши регистрацијата на борачите. Ова е одговорот од прва рака и го дознаваме од генералниот секретар Љубомир Лазаревски. Дали Олимпија ќе успее да го изведе на прав пат своето членсто и ќе можат да бидат дел од натпреварувањата оваа календарска година останува времетро да помогне и реши спорот меѓу овие два субјекти.